Бугарската PR агенција APRA Porter Novelli ќе ги обедини сите свои сопствени канцеларии во Бугарија, Албанија, Косово, Македонија и Србија, како и филијалите претставници во Босна и Херцеговина и Црна Гора во APRA Porter Novelli Balkans Communication Group.
Ова стана јасно од соопштението испратено до медиумите по завршената конференција АPRA Balkans Summit 2015 која деновиве се оддржа во Софија. За време на настанот компанијата најави и планови да регистрира комуникациска агенција и во Хрватска.
Првите канцеларии на Агенцијата надвор од земјата се создадени во 2012 година (APRA Porter Novelli Albania, APRA Porter Novelli Kosovo и APRA Porter Novelli Macedonia). Во истата година компанијата склучи и договор за застапување со водечките агенции во Босна и Херцеговина и Црна Гора. Агенцијата во Србија беше отворена претходно оваа година.
Меѓу клиентите на APRA Porter Novelli се и Nestle, Telenor, Whirlpool, Coca-Cola, Hellenic, Hewlett-Packard, Microsoft, Siemens, Токуда банк, Rompetrol, Beiersdorf, Groupe SEB и многу други.