Home » Во фокусот » APRA Porter Novelli ќе ги обедини сите свои агенции од регионот

APRA Porter Novelli ќе ги обедини сите свои агенции од регионот

Бугарската PR агенција APRA Porter Novelli ќе ги обедини сите свои сопствени канцеларии во Бугарија, Албанија, Косово, Македонија и Србија, како и филијалите претставници во Босна и Херцеговина и Црна Гора во APRA Porter Novelli Balkans Communication Group.

apra porter

Ова стана јасно од соопштението испратено до медиумите по завршената конференција АPRA Balkans Summit 2015 која деновиве се оддржа во Софија. За време на настанот компанијата најави и планови да регистрира комуникациска агенција и во Хрватска.

Првите канцеларии на Агенцијата надвор од земјата се создадени во 2012 година (APRA Porter Novelli Albania, APRA Porter Novelli Kosovo и APRA Porter Novelli Macedonia). Во истата година компанијата склучи и договор за застапување со водечките агенции во Босна и Херцеговина и Црна Гора. Агенцијата во Србија беше отворена претходно оваа година.

Меѓу клиентите на APRA Porter Novelli се и Nestle, Telenor, Whirlpool, Coca-Cola, Hellenic, Hewlett-Packard, Microsoft, Siemens, Токуда банк, Rompetrol, Beiersdorf, Groupe SEB и многу други.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365