Holmes Report традиционално и оваа година ја објави ранг листата на 10 најуспешни ПР агенции во светот според приходите за изминатата година.
Edelman повторно се наоѓа на врвот со пораст од 8,8% во споредба со 2014 година и приходи од скоро 812 милиони американски долари. Тоа е околу 12 милиони повеќе од второ рангираната агенција Weber Sandwick, која во претходната година забележала раст од дури 14,7%.
Куриозитет на овогодишниот ранкинг е дека од топ 10 агенциите, само две се со седиште надвор од USA и тоа двете се од Франција (MSLGroup и Havas PR).
На Маркетинг365 пишувавме и за остварувањата на глобалните агенции во изминатите години, па така ако сакате да направите споредба на бројките можете да ги погледнете на следниве линкови: Остварувања во 2013 , Остварувања во 2012.