Компанијата Coca‑Cola и колачињата OREO се здружија за да создадат ексклузивен пијалок во ограничено издание: „Coca-Cola OREO Zero Sugar Limited Edition“. Инспирирани од „најдобрите пријателства“ ширум светот, двата светски брендови си поставија за цел ја поттикнуваат прославата на пријателството со лансирањето на легендарен пијалок и уникатни дигитални искуства.
Почнувајќи од септември, пијалокот ќе биде достапен на американскиот пазар во сите поголеми маркети како и во рестораните на Pizza Express, Popeyes и Slim Chickens.
Пијалокот се одликува со впечатлив дизајн и елегантно пакување, украсено со препознатливите колачиња на OREO наредени едно врз друго во облик на шише Coca-Cola. Со секоја голтка од новиот пијалак, обожавателите ќе можат да уживаат во освежителниот вкус на Coca-Cola со ноти на OREO колачиња, создавајќи неспоредливо искуство за сите сладокусци.
Славењето на пријателството никогаш не било поважно отколку сега, а двата брендови кои се разиграно поврзани на многу начини се осврнуваат на она што значи да се биде „најдобар пријател“. Нудејќи ја врвната комбинација, обожавателите ќе можат да уживаат во култното дуо со своите долгогодишни, но и новостекнати пријатели.
„Спојување на разиграноста на OREO и вистинската магија на Coca‑Cola е неочекувано, но исто така е сосем соодветно затоа што нашите брендови се слични на многу начини. Како прва од ваков вид соработка за двата брендови, воодушевени сме што најдобрите пријатели ширум светот ќе ни се придружат во славењето на новите производи, убавите искуства и неочекуваните моменти на поврзување“ – истакнува Оана Влад, глобална потпретседателка за бренд стратегија во The Coca‑Cola Company.
„Во OREO, ние се стремиме да идентификуваме нови начини за возбудување на потрошувачите и, со оваа соработка, навистина го привлековме вниманието. Пријателската врска создадена помеѓу OREO и Coca‑Cola е разигран начин да ги обединиме нашите фанови и да ја славиме моќта на поврзувањето и заедништвото. Едвај чекаме да ги видиме реакциите кон кампањата и се надеваме дека обожавателите ќе бидат возбудени да ја искусат новата верзија на двата класични брендови“ – додава Евгенија Залис, глобална директорка за брендрање и маркетинг за OREO во Mondelez International.
Кампањата има за цел да поттикнува поврзување надвор од границите на физичкиот свет преку извонредни дигитални искуства. Создадени во партнерство со Spotify, брендовите OREO и Coca-Cola ќе ја претстават „Bestie Mode“, ексклузивна платформа и музичко искуство дизајнирано за најдобрите пријатели да ги спојат музичките вкусови и да уживаат заедно.
Со скенирање на QR-кодот на амбалажата, обожавателите можат да ги следат чекорите за да го истражат „Bestie Mode“ и да ги синхронизираат поставките за музика со своите најдобри пријатели. Корисниците на Spotify Free исто така ќе бидат поканети да пристапат до новото искуство преку промоција на платформата.
Откако ќе се поврзат со корисничката сметка на Spotify, фановите ќе добијат прашања за да видат како нивниот вкус за музика се надополнува со вкусот на нивните најдобри пријатели. Потоа ќе се генерира плејлиста со комбинирани музички преференции за заедничко слушање.
За оние кои сакаат да ја споделат магијата на „Coca‑Cola OREO Zero Sugar Limited Edition“ со уште повеќе од нивните најдобри пријатели, QR-кодот ќе отвори и интерактивна мапа која што покажува каде сè пијалокот може да се купи.
„Coca‑Cola OREO Zero Sugar Limited Edition“ е најновото дополнување на платформата Coca-Cola Creations. Со искористување на новите технологии, соработка со брендови, уметници и дизајнери и создавање искуства низ дигиталните и физичките светови, Coca-Cola Creations продолжува да го надополнува иконичиот бренд Coca-Cola со нови изрази на креативност и културни врски, овозможувајќи им на фановите да искусат вистинската магија.