Финската компанија Human Mobile Devices (HMD), која стои зад телефоните на Nokia, објави тригодишно партнерство со ФК Барселона преку промотивно видео за новиот модел на смартфон HMD Skyline (Blue Topaz).
Видеото прикажува 20-годишен навивач на фудбалскиот тим како влегува во традиционална маалска берберница за да се потстрижи со логото на својот омилен тим, но и логото на новиот глобален партнер на клубот.
Партнерството помеѓу ќе HMD и ФК Барселона вклучува реклами на стадионот и соработка низ дигиталните платформи на клубот.