Францускиот производител на автомобили Renault објави нова реклама со цел промоција на својот целосно електричен модел „Renault 5 E-Tech“.
Рекламата го илустрира авангардниот дух на Франција, со нејзината постојана потрага по иновации и напредок, и нејзината желба за социјални и културни промени. Како амблематичен модел на своето време, најпродаваниот автомобил во Франција од 1973 до 1984 година, R5 отелотворува токму една форма на автомобилска револуција произлезена од Франција.
Филмот е замислена како патување низ различни историски периоди, во кое автомобилот се среќава со други француски икони, секоја отелотворувајќи форма на револуција во своето поле. Патувањето на Renault 5 завршува со реинтерпретација на познатата слика на Ежен Делакроа – „Слободата ги води луѓето“, во која сите протагонисти, движечките сили зад револуцијата, го поздравуваат Renault 5 додека минува покрај нив.
Четириесет години подоцна, Renault 5 се враќа, целосно редизајниран за да одговори на денешните предизвици: 100% електричен, со рециклирани материјали, иновативни технологии, произведени во Франција. Како симбол на неговото француско потекло, автомобилот ќе содржи и еден необичен додаток – држачот за багета. :)
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Publicis Conseil и продукциската куќа QUAD. Режисер на рекламата е Бруно Авеилан. Пропратната песна е „Instant Crush“ од Дафт Панк и Џулијан Казабланкас.
Доколку Ви се допаѓа креативната насока на оваа реклама, погледнете ја и „Револуцијата започна“ на конкурентниот француски бренд Citroën.