Магазинот InStore пред две седмици го организираше првиот македонски FMCG Summit, на кој присуствуваа над 250 учесници од македонскиот FMCG-сектор.
На конференцијата се зборуваше за трендовите и иновациите во FMCG-индустријата кај нас – во дистрибуцијата, малопродажбата, производството, за односот меѓу доставувачите и трговците, промоцијата и промотивните активности, како и за неопходноста од познавањето на другата страна на која ѝ се продава – првиот купувач, трговецот или крајниот купувач/потрошувач.
За сите оние кои беа присутни или оправдано отсутни, во прилог се презентациите на говорниците. Со кликнување на името на говорникот, линкот ве носи до соодветната презентација:
- Среќко Накиќ, потпретседател, „Атлантик група” – Инспирација
- Глигор Цветанов, генерален директор, „Макпрогрес” – Предизивиците на патот кон успехот – успешен македонски FMCG бизнис-модел
- Весна Кузмановиќ, консултант, ГфК – Уметност и/или наука: иновации во бизнисот
- Дино Шкриељ, директор на логистика, „Кола” – Комплексноста на дистрибутивниот процес
- Трајче Петровски, раководител на комерција, „Тинекс” – Што е добар доставувач за нас?
- Даворка Биондиќ, консултант, „Бионди консалтинг” – Долгорочност на трговскиот партнерски однос
- Владо Рикаловски, проект-манаџер, „Медиана” – Го познаваме ли македонскиот купувач?
- Полексена Ристеска, маркетинг-менаџер, „Бимилк” – Истакнување на производот од конкуренција и станување на лидер во категоријата
- Тихомир Петрески, консултант, „Петрески & партнерс консалтинг” – Промоции
- Даница Личанин-Блажеска, генерален директор, „Рептил” – Што се атрактивни промоции за трговците?
- Горан Мирчиќ, трејд-маркетинг менаџер, „Пивара Скопје” – Продажни промоции во ТТ-каналот
Овде може да ја погледнете и галеријата со фотографиите.
Преземно од InStore.