Пишува: Кире Анѓушев – извршен директор на Веобит – http://veobit.mk/
Како тим кој што секогаш се стреми да изнајде области кои можеме да ги унапредиме со примена на современа технологија, тимот на Веобит овојпат ја истражуваше угостителската индустрија. Резултатите покажаа дека профитабилноста на локалот, квалитетот на услугата, продуктивноста на вработените се само дел од областите кои се клучни за успех на локалите, и истите претставуваа наш предизвик да докажеме дека локалите можат значително да ја подобрат нивната пракса со примена на иновативен пристап и врвна технологија. Нашиот предизвик резултираше во Лолипоп.
Лолипоп е едноставно софтверско решение наменето за угостителски локали кое овозможува целосна финансиска и организациска контрола на локалот во реално време. При неговиот развој главниот фокус на нашиот тим беше свртен кон работите кои според нашето истражување произлегоа како најважни за профитабилноста на локалот: брзината и квалитетот на услугата како и способноста на сопственикот/менаџерот да ја следи работата на локалот во реално време од било кое место.
Лолипоп е главно составен од четири модули (модул за правење нaрачки, модул за аналитика, модул за финансии и модул за резервации) кои се целосно интегрирани во едно софтверско решение. Она што е интересно за модулот за нарачки е што им се овозможува на гостите ефикасна и модерна услуга преку автоматско правење на порачките со таблет кој е информатор со шанкот/кујната со што значително се придонесува за подобрување на брзината и квалитетот на услугата како и за подобрување на продуктивноста на вработените и локалот во целина.
Што се однесува до сопствениците пак, тие добиваат решение со кое можат да прават резервации на екран на кој е графички претставен локалот, да управуваат со финансиите и деловните документи, да го следат остварениот промет и нивото на залиха во реално време, односно буквално да ја следат целата работа на локалот од својот мобилен, таблет или компјутер во реално време со што ќе им се помогне на локалите да ја зголемат својата продуктивност и да се фокусираат на остварувањето на долгорочните бизнис цели.
Лолипоп веќе успешно функционира во неколку локали меѓу кои се и Аква Парк – Пробштип и ново-отворената дискотека “Space” во Куманово и пред се е наменет за локали кои сакаат изградат имиџ на локал на кои на прво место им е услугата и задоволството на гостите преку ефикасно менаџирање и организација кое само по себе има влијание врз остварениот промет и успех.
Повеќе за функционалностите на Лолипоп и неговите придобивки можете да погледнете на следниов линк: http://lollipop.veobit.com/