Над 30.000 креативци веќе се имаат потпишано на отворено писмо со кое се противат на неовластената употреба на уметнички дела во обуката на генеративни модели базирани на вештачка интелигенција.
Иницијативата, предводена од британскиот композитор и поранешен извршен директор на Stability AI, Ед Њутн-Рекс, вклучува визуелни уметници, актери, музичари и автори, обединети во нивното противење на сегашните практики за развој на вештачка интелигенција.
Списокот на луѓе кои ја поддржа петицијата ги вклучува актерите Џулијан Мур, Кевин Бејкон, Кејт Мекинон и Мелиса Џоан Харт, потоа музичарите Том Јорк од Radiohead, Роберт Смит од The Cure и Бјорн Улвеус од ABBA, нобеловецот за литература Казуо Ишигуро, бестселерот Џејмс Патерсон и новинарот Сидни Блументал, меѓу останатите.
„Нелиценцираната употреба на креативни дела за обука на генеративна вештачка интелигенција е голема и неправедна закана за егзистенцијата на луѓето кои стојат зад тие дела и не смее да биде дозволена“ – гласи целта на петицијата.
Тајмингот се совпаѓа со тековните правни предизвици со кои се соочуваат повеќе компании за развој на вештачка интелигенција, под закана за тужби за наводна неовластена употреба на содржини заштитена со авторски права.