Американскиот бренд на спортска опрема Nike влегува во партнерство со Ким Кардашија и нејзиниот моден бренд SKIMS со цел лансирањето на нов бренд на спортска и активна облека за жени.
Заедничкиот бренд NikeSKIMS треба да ја обедини експертизата за спортски иновации на Nike и препознатливиот телесно-свесен дизај на SKIMS, создавајќи стилска колекција за елитните спортистки, но и секојдневните активни кориснички.
Идејата за новиот бренд наводно произлегла по предлог на SKIMS за соработка со различни брендови под капата на Nike, како Jordan, Converse и Nike SB, по што било одлучено лансирањето на целосно нов бренд со свежа перспектива на спортската облека, давајќи им приоритет на инклузивноста, удобноста и перформансите.
Дебитантската колекција, која треба да вклучува тренерки, обувки и додатоци, ќе биде достапна на интернет и во избрани продавници на територијата на САД оваа пролет, со глобално проширување планирано за 2026 година.
Целта на оваа соработка, се чини, е да му овозможи на Nike поголем продор на пазарот за „стилска активна облека“, позиционирајќи се во директна конкуренција на брендови како Lululemon. По објавувањето на веста, акциите на Nike забележаа забележителен пораст, што укажува на возбуда на инвеститорите во новата потенцијална база на потрошувачи.
„Ние добивме нова енергија од можноста да изградиме нов бренд и да ги размрдаме работите за следната генерација спортисти со NikeSKIMS. Ова партнерство го обединува најдоброто од двата бренда и отклучува неверојатна можност да ја размрдаме индустријата со нашата заедничка страст и посветеност на иновациите. Ќе поканиме уште повеќе лица да спортуваат и да се движат со производ кој прави да се чувствуваат силни и секси“ – вели Хајди О’Нил, претседателка за потрошувачи, производи и брендови во Nike.
„Nike и SKIMS споделуваат длабока посветеност на иновациите, инклузивноста и поместувањето на границите, водени од непоколебливата верба во моќта на жените. Ова партнерство е кулминација на таа заедничка визија, испорачува производ кој е прецизно дизајниран да го обликува секое тело и да му понуди функционалност. Секој детал е темелно и внимателно разгледан. Ние сме неверојатно возбудени што ќе ја претставиме нашата прва колекција оваа пролет“ – додава Ким Кардашијан, ко-основач и генерален креативен директор на SKIMS.