Арт кафулето „Концепт 37“ се отвори пред две години и за кратко време успеа да се издвои и профилира како место кое дише со дух и автентичност, собиралиште на слободоумни луѓе со иновативни и прогресивни идеи кои ја препознаваат есенцијата на овој концепт-бар, кој постојано ги растегнува границите на имагинацијата. „Концепт 37“ кој се наоѓа на ул. Рузвелтова 37, за вториот роденден подготви недела полна со настани, изложби, инсталации и артистички манифестации.
Денеска (Петок 3 јули) – Во текот на денот ќе има акција во која за едно фредо кафе, ќе добиете две, а за една купена книга од издавачкиот центар „Три“, ќе добиете две книги.
Вечерната забава ќе биде со Lephonq, а за еден коктел посетителите ќе добијат два.
Сабота 4 јули – Гостуваат организаторите на „GIFEST“ од Суботица кои во 2000 часот ќе одржат предавање за оваа визуелна форма, а од 2100 часот ќе има и видео мапинг на гифови од фестивалот GIFEST. Мапингот ќе биде следен со 2 VJ-a од StreetFM 107.4 радио.
Недела 5 јули – Програмата почнува од 1100 часот, кога ќе се одржи работилница за изработка на гифови преку коja посетителите ќе можат да ги визуелизираат своите идеи.
Присуството е бесплатно, а сите заинтересирани креативци за работилницата за изработка на гифови, можат да се пријават на ФБ страницата на „Концепт 37“ https://www.facebook.com/C37.mk
Среда 8 јули – StreetFM радио 107.4, заедно со Concept 37, организира концептуална забава.
Четврток 9 јули – Од 1900 часот ќе гостува Марко Настиќ од Белград, кој ќе одржи интерактивна ДЈ работилница, a подоцна од 2200 часот ќе има и свој ДЈ сет.
Петок 10 јули – Од 2100 часот ќе се одржи изложба на илустрации „Изложба 2“ во која двајца артисти ќе се обидат да се надоврзат на иста идеја за постер, креирајќи поединечно.
Бидете во тек и приклучете се на настанот за оваа недела:
https://www.facebook.com/events/946243452093815/