Повеќе од 50% од децата во САД, повеќе преферираат да гледаат видео снимки на таблети отколку на телевизија. Истражувањето за навиките на децата го спровела американската агенција Miner & Co меѓу 800 родители, а го пренесува порталот SocialMedia Today.
Истражувањето покажува дека со развојот на новите технологии се менуваат и навиките за медиска потрошувачка. Приближно половина од постарите испитаниците велат дека на децата им ги одзимаат нивните таблети и гледањето на ТВ програмите веќе претставува облик на казна.
Колку тоа многу децата ги сакаат таблетите зборува и фактот дека 41% од испитаниците помеѓу родителите одговориле дека кога на нивните деца би им понудиле чоколадо или таблет, повеќето би го избрале таблетот.
Овие резултати се врзуваат и со податоците дека некои детски канали (пр. Cartoon Network) бележат пад на гледаноста која достигнува и 30% понизок рејтинг.