Home » Во фокусот » Децата повеќе преферираат да гледаат видео на таблет отколку на ТВ

Децата повеќе преферираат да гледаат видео на таблет отколку на ТВ

kids tablets

Повеќе од 50% од децата во САД, повеќе преферираат да гледаат видео снимки на таблети отколку на телевизија. Истражувањето за навиките на децата го спровела американската агенција Miner & Co меѓу 800 родители, а го пренесува порталот SocialMedia Today.

Истражувањето покажува дека со развојот на новите технологии се менуваат и навиките за медиска потрошувачка. Приближно половина од постарите испитаниците велат дека на децата им ги одзимаат нивните таблети и гледањето на ТВ програмите веќе претставува облик на казна.

Колку тоа многу децата ги сакаат таблетите зборува и фактот дека 41% од испитаниците помеѓу родителите одговориле дека кога на нивните деца би им понудиле чоколадо или таблет, повеќето би го избрале таблетот.

Овие резултати се врзуваат и со податоците дека некои детски канали (пр. Cartoon Network) бележат пад на гледаноста која достигнува и 30% понизок рејтинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365