Регионалниот креативен натпревар BalCannes го објави својот детален преглед на најуспешните кампањи, огласувачи и агенции во Јадранскиот регион за 2025 година.
Во новиот BalCannes Report 2025, на едно место се собрани најважните резултати од натпреварот BalCannes, кој во рамки на фестивалот Денови на комуникациите ги награди најдобрите креативци од пет земји од регионот.
Агенциите од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија можеа да се натпреваруваат во 22 категории со кампањи спроведени во текот на двегодишниот квалификациски период, со можност за освојување на златна, сребрена или бронзена награда.
Согласно освоените поени на овогодишниот натпревар, кампањата „Стартап пакет/Стартап гаража“ на Халкбанк АД Скопје, создадена во соработка со агенцијата McCann Skopje, го освои четвртото место на ранг-листата на ТОП 10 креативни проекти на BalCannes 2025.
Притоа, Халкбанк АД Скопје се најде на третото место во рангирањето на ТОП 10 огласувачи во регионот чии проекти освоија најмногу поени на натпреварот.
Исто така, македонските креативни агенции McCann Skopje и Effectiva го делат деветтото место на ранг-листата за ТОП 10 агенции на BalCannes 2025.
Целосниот BalCannes Report 2025 е достапен за преземање на следниот ЛИНК, а повеќе информации за натпреварот можете да најдете на официјалната веб-страница на фестивалот Денови на комуникациите.