Во денешниот брз свет, брендовите ги користат сите можни методи за да привлечат внимание. Сакаат да се оттргнат од “досадното секојдневие”, да создадат buzz меѓу луѓето што ги сакаат и оние што никогаш не слушнале за нив, но ете сега ќе слушнат.
Едно од најновите оружја на маркетерите е помалку нарцисоидно и многу повеќе “крик за спас, бидејќи не знам како поинаку” – хакирање на компанискиот профил со вметнување на тотално нерелевантни твитови или сарказам во големи дози. Во Македонија, компаниските Twitter профили, впрочем и целиот Twitter е сеуште underground и не е искористен колку што истиот се користи во САД. Можеби, сега-засега, нема да имаме македонски хакнат twitter профил, но, да ви дадеме упатство.
Chipotle (синџир на ресторани за мексиканска храна во САД, Канада, Франција и Велика Британија) е последниот во низата на хакнати профили. Сето тоа предизвика buzz, онака како што секој маркетер би посакал. Но, има една финта – Chipotle сам си го “хакирал” својот профил. Исто како што претходно тоа го направиле MTV и BET (слична телевизија како MTV) само за да добијат сопствен buzz во другите медиуми.
Од страна на маркетингот, сите овие “хакирања” се успешни. Chipotle добива 4000 следачи на денот на објавување на хакираните твитови, во споредба со 250 што е просек, секојдневно, пред да се објават. Твитовите имаат и по 12000 ретвитови во споредба со 75-те секојдневно.
Chipotle, по овој настан излегува и кажува дека самите си го хакирале својот профил и повторно добива медиумски buzz (овој buzz е претежно online).
Во еден ваков момент, луѓето кои што ви се таргет група едноставно создаваат аверзија. Меѓу коментарите на социјалните мрежи се вели:
– “Faking anything on Twitter is like sending flowers to yourself and pretending like you got them from your boyfriend. It shows that you are not loved, but want to be. Sad.”
Упатството всушност, на целиот текст е следното – доколку сметате дека сакате да бидете забавни како компанија на Twitter, бидете. Не мора да се затскривате зад хакирани твитови. Еден од подобрите нормални и одлични PR твита/конверзација беше (види слика) на Британскиот совет во Македонија, по повод раѓањето на синот на принцот Вилијам. Е, тоа е одличен маркетинг.