1. Како се вика програмата и што таа нуди?
Што е UWC?
Светските обединети колеџи (или United World Colleges — UWC) се ланец на 18 средни училишта низ целиот свет, вклучувајќи во Германија, Канада, Норвешка, Кина, Индија, Сингапур и Танзанија (целосната листа на училишта можете да ја најдете тука.)
Што нуди UWC образование?
UWC нуди стипендии за двегодишно образование за ученици од целиот свет, кои живеат, учат и раснат заедно на еден од 18-те кампуси. Типичната генерација на еден од колеџите се состои од 100 ученици од 70+ различни држави.
Што се учи на UWC?
На секој од 18-те колеџи се учи двегодишната Меѓународна матура (на англиски, International Baccalaureate). Оваа диплома е меѓународно признаена и е достапна и во македонски средни училишта (како СУГС Јосип Броз Тито). Наставната програма се состои од шест групи на предмети од кои учениците бираат по еден: мајчин јазик, втор јазик, општествена наука, природна наука, математика и уметност.
Колку чини образование на UWC?
За образование на UWC се достапни целосни стипендии, базирани на потребите на семејствата на успешни кандидати.
Колку ученици биле испратени на UWC во претходни години?
Минатата година беа испратени 11 ученици од целата држава, а годината пред неа 12.
2. До кога е крајниот рок за аплицирање и како може да се аплицира?
Кој може да аплицира за UWC?
Средношколци во втора или трета година средно може да аплицираат.
Како изгледа апликацијата?
Апликацијата се состои од 7 кратки прашања и 2 есеи. Можете да ја најдете на овој линк. Рокот за аплицирање е 15 ноември во 23:59.
Како изгледа остатокот на селекцискиот процес?
По оценување на апликацијата, успешните кандидати се поканети на дополнителни интервјуа во живо (во текот на првата недела на јануари) и онлајн (на почетокот на февруари).
3. На кој линк може да се најдат повеќе детали за програмата и да се аплицира?
Каде можам да се информирам повеќе?
Одржуваме информативни сесии на Зум секоја недела до рокот за аплицирање. Тука можете да го најдете распоредот на инфо сесии годинава; сите од нив ќе бидат одржани на овој Зум линк (лозинка: 2022). Сите се добредојдени на инфо сесиите – средношколци, професори, родители и заинтересирани.
Каде да научам повеќе за апликацијата?
Заинтересираните кандидати може да најдат совети за аплицирање на нашата веб страна.

















