Музичкото патување „Нека трепка“ на Sarah Mace and The Girlzz и Божиќниот оркестар со четири концерти во декември
Последниот месец од годината е секогаш исполнет со желби, еуфорија и споделени моменти кои сплотуваат. Овој декември, празничната сезона и музичката сцена ќе трепкаат од новогодишни звуци.
Една од најпрепознатливите македонски уметници, Сара Мејс, заедно со својот вокален квартет, познат во јавноста како Sarah Mace & The Girlzz, во декември ќе ѝ ја донесат на публиката својата новогодишна магија, преку серија од четири концерти во Македонија.
Магичното музичко патување започнува на 21 декември во Битола како дел од манифестацијата „Зимска приказна“, продолжува на 28 декември во Штип во Домот на култура „Ацо Шопов“, на 29 декември следува големиот предновогодишен концерт во Македонската Филхармонија во Скопје, а завршува на 30 декември на плоштадот во Крива Паланка. Веќе е започната продажбата на билетите за концертот во Филхармонија, а сите заинтересирани можат да побрзаат и да ги изненадат пријателите и семејството за несекојдневно музичко искуство на следниот линк – https://mktickets.mk/event/sarah-mace-and-the-girlzz/
Девојките од квартетот Sarah Mace & The Girlzz, Сара Мејс, Ана Петановска, Калина Велковска – Кали и Теа Богатинова, на сцената ќе бидат придружувани од Божиќниот оркестар, под диригентската палка на Иван Еминовиќ.
Тие, во пресрет на концертите, неодамна ја објавија својата новата песна „Нека Трепка“. Видеото, снимено на локации во Маврово и Скопје, е веќе е достапно на YouTube, додека песната може да се слушне на сите дигитални платформи.
А токму кога ќе помислите дека патувањето не може да стане уште повеќе бајковито – пазете се! Магијата ќе се отвори уште еднаш, со мали и големи изненадувања што ќе се појават како од најскриен џеб на Дедо Мраз.
Не пропуштајте го ова волшебно патување, кое ќе се вреже длабоко во секое сеќавање и ќе им пружи уживање на сите сетила.

















