Најголемиот принт издавач во Србија, Color Press Group и магазинот The Economist, ја организираа втората по ред конференција Digital 2015 на која присуствуваа повеќе од 200 учесници и педесетина панелисти од светот на медиумите, маркетингот, телекомуникациите, односите со јавноста и бизнисот.
Еден од панелите кои предизвикаа најголемо внимание беше панелот “Медиски скенер на регионот“ кој посвети внимание на развојот на ТВ индустријата во регионот и сите предизивици кои ја обременуваат а на кој зборуваа следниве панелисти: Манја Грчиќ (Антена Груп), Ивона Талевска (ТВ Сител), Жељко Ивановиќ (Vijesti), Елвир Швракиќ (Hayat TV), Жељко Митровиќ (Pink International), Мирјана Хрга (Ал Џезеира Балкан) и Иван Ловречак (РТЛ Загреб).
Погледнете ја снимката од целиот панел во продолжение:
Извор: http://www.svet.rs/
Фото: Свет.рс