Фондацијата ‘Новак Ѓоковиќ’ и регионалниот медиски систем Direct Media потпишаа договор за стратешко партнерство на проектот “Original”, бесплатно списание за студенти кое ќе го издава фондацијата на најдобриот светски тенисер. “Original” ќе биде месечник и ќе биде достапен за студентите на сите универзитети во Србија.
Станува збор за списание за кое редовно ќе пишуваат најпознатите и најповикани српски новинари, пистаели, автори, драматурзи, но и студенти. “Original” уште од првиот број ги отвори вратите и своите страници, вклучувајќи ја и насловната, за студентите на уметност, кои може да ги испраќаат своите дела на слободни теми, така што нивните дела и телент може да допрат до што поголем број на луѓе.
“Благодарност до Direct Media кои ни излегоа во пресрет и дадоа голема поддршка за овој проект. Сигурна сум дека магазинот ќе им се допадне на малдите луѓе, и деја ќе им понуди доста квалитетен материјал кој ќе ги инспирира. Нашата желба е студентите да почнат се’ повеќе да зборуваат за теми од културата, образованието, уметноста, науката, но и да добиваат релевантни информации кои ќе им користат и сега, и тогаш кога ќе бидат спремни за работни предизвици”, рече Јелена Ѓоковиќ, директор на Фондацијата ‘Новак Ѓоковиќ’.
Задоволство за партнерството и за самиот проект изразе и Јован Стојановиќ, директор на Direct Media Srbija.
“Веруваме дека Direct Media ги дели истите вредности и убедувања со Фондацијата ‘Новак Ѓоковиќ’, а едно од нив е дека за младите и нивната иднина мора да се грижиме на долги стази. Квалитетни содржини во медиумите се важни за развојот на младите луѓе, нивните теленти и интереси и големо е задоволството што ние како покровители станавме дел од тимот кој оваа идеја ја спроведува на дело”, рече Јован Стојановиќ.
Списанието “Original” ќе биде бесплатен за сите студенти на универзитетите во Србија, но ќе може да се купи и во трафиките. Излегува еднаш месечно, а на читетелите ќе им понуди голем број на интересни текстови, интервјуа, рубрики. Во првиот број, меѓу другото, објавен е ексклузивен разговор со Ана Винтур, уредничка на американскиот магазин Vog.