Помеѓу бројните кампањи кои пристигнаа на регионалната ревија на рекламни агенции BalCannes, вчера беа избрани најдобрите 25. После целодневното жирирање во пресрет почетокот на овогодинешниот Weekend Media Festival во Ровињ, Хрватска, жирито составено од угледни новинари специјализирани за маркетинг индустријата, оцени кои кампањи го одбележаа изминатиот период, и ќе останат запаметени по оргиналноста, квалитетот на изведбата и пазарната успешност.
Со овогодинешното жири претседаваше Борис Ефтимовски (Marketing365), а жирито го сочинуваа уште и: Иван Брезан Бркан (Netokracija), Екрем Дупановиќ (Media Marketing), Марјан Новак (Marketing magazin) и Ивана Парчетиќ (Marketing mreža).
Најдобрите кампањи на BalCannes 2015, по азбучен ред:
Apple и UniCredit Банка – Ovation BBDO
Beck’speriment – Drap
Bubamara – McCann Sarajevo
Buca i Ljupče – McCann Beograd
Chipsy Domaćinski – Ovation BBDO
CROmpiri – Imago reklamna agencija
Dog Pookies – Mayer McCann
Erste banka_Online krediti – Grey Worldwide Zagreb
Grad novih Idea – Communis
Heineken Champion the Match – Publicis Worldwide Zagreb
Hrvatska Lutrija Eurojackpot – Real grupa
Jumper Transfers Everything – Formitas BBDO
Kako preživeti grozan posao – McCann Beograd
Kazalište za kasnije – Studio Sonda
Living my life – Pristop
Ljubičanstveno – McCann Sarajevo
Movember je celo leto – Luna TBWA
Nadimci – BBDO Zagreb
Naučimo biti veliki – Bruketa&Žinić OM
Nelagoda – Bruketa&Žinić OM
Oral Giving – Imago reklamna agencija
Red Phone – New Moment New Ideas Company Skopje
Spavač – K&K Promotion
Srbija Uživo – McCann Beograd
Suglasnik za život – Imago reklamna agencija
Овие 25 проекти, претставници на агенциите дополнително ќе ги презентираат во главната сала на Weekend Media Festival.
Освен тоа, агенциите чија кампања се најде меѓу најдобрите 25 има единствена можност да се претстави и во глобална конкуренција. Со партнерството помеѓу BalCannes и глобалниот натпревар Epica Awards, овозможен е 50% попуст за пријава на агенцијата на овогодинешните Epica награди, кои во ноември ќе се одржат во Берлин.
Регионалната ревија на рекламни агенции BalCannes овој септември се одржува по четврти пат како дел од Weekend Media Festival во Ровињ. Повикани да учествуваат, и така да се претстават во овој преглед на регионалниот агенциски пазар, беа сите рекламни агенции од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Македонија. Сите пријавени кампањи ќе се најдат на страниците на BalCannes Yellow Pages, каде ќе може да се гледаат во текот на целата година.
Организатори на BalCannes се Хрватското Здружение за Односи со Јавност (HURA) и Weekend Media Festival.