Дваесетте членови на регионалното жири и преджиријата составени од членови на медиуми и дигитални професионалци имаа тешка задача да ги изберат најдобрите. Во вкупно осумте категории беа пријавени 123 проекти, а освен победниците, 3D печатена SoMo Borac награда добија и сите финалисти.
“Многу сме задоволни и со бројот на пријави и со нивниот квалитет”, открива Ружица Врдолјак Личина, од организацијата SoMo Borac, “а особено не радува големиот раст на пријави во SoMo Tech категоријата. Во однос на првата година, тука се случи значаен раст што јасно покажува какви трендови не’ очекуваат. Идејата SoMo Borac да има и едукациски призвук се продолжи и оваа година – сите финалисти беа прикажани на доделувањето за гостите на Weekend Media Festival да имаат најдобар увид во регионалната дигитална сцена.”
Оваа година се доделени 24 награди. Статуетка на голем SoMo борец добија победниците на категориите, а мали статуетки финалистите.
SoMo Face:
Pioniri komunikacije, Drina plastika (победник)
Pioniri Communications – Lov i ribolov TV, United media
McCann Beograd – Raiffeisen banka
SoMust Have:
404, The Voice (HRT) (победник)
New Media – One Telecom
Cvoke – PIK Vrbovec
SoMo Content:
McCann Beograd, Infostud (победник)
Drap – Nescafe Srbija
Pristop – Nova KBM
Дигитален mix:
Imago reklamna agencija, 1/0, Drap – Hrvatska udruga Transplant (победник)
404 – The Voice, HRT
Pristop – Telekom Slovenije
Community manager на годината:
Martina Kolaček, 404 – The Voice (HRT) (победник)
Mila Perović, Jasno i glasno HBO Adria
Webtise – Uroš Kosanović, Guarana
Вирален blockbuster:
Imago reklamna agencija, Moje znanje (победник)
Ovation BBDO – UniCredit Bank
SVA – Agencija za bezbednost saobraćaja, Republika Srbija
SoMo Tech:
Pristop, Art Rebel 9, Zavoravalnica Triglav (победник)
Pristop – Bramac strešni sistemi
Pristop – Telekom Slovenije
Дигиталец на годината:
Jernej Špende, Pristop (победник)
Goran Jankuloski, Executive Group
Nikolina Petran, ZABA
Проектите на финалистите и победниците може да ги прегледате на www.somoborac.com, а најновите вести од дигиталниот свет може да ги следите на Фејсбук страната на SoMo Borac (www.facebook.com/somoborac).