YouTube лансираше Shopping Ads слични како тие достапни на Google, а ќе им помага на брендовите да ги промовираат и своите мобилни апликации.
Овие ‘купувачки реклами’ ќе им овозможат на огласувачите да прикажат click-to-buy реклама во рамки на партнерско видео на YouTube.
Гледачите ќе можат да видат едно ‘i’ во горниот десен агол од видеото од каде ќе можат да ги гледаат рекламите. Тие ќе бидат во истиот фоормат како TrueView дисплејот на YouTube кој користи ‘инфо картички’.
Овој новитет на YouTube беше соопштен на Ad Week New York.
TrueView веќе го има пет години. Функцијата им наплаќа на огласувачите за нивната реклама само кога корисникот ја гледа повеќе од 30 секунди. Корисниците ја имаат можноста да ја прескокнат реклмата.
Во еден блог пост, Дија Џоли, директор на Video Ads Product Management при YouTube, истакна: “Купувачките реклами на YouTube ќе понудат една целосно нова приходна можност за креаторите, нудејќи нов начин за монтаризирање на видеата фокусирани кон некој продукт.”
“Тие ќе понудат и едно поинтерактивно искуство за гледачите, овозможувајќи им да пазарат директно од видеата. Внимавајте на имплементирањето на оваа нова функција во следните месеци,” додаде таа.
YouTube ќе им помага на огласувачите да ги промовираат своите мобилни апликации преку нивните видеа. Видео-сајтот ќе им овозможи на брендовите да ги промовираат нивните апликации и преку TrueView.
Огласувачите ќе имаат можност да ги прмовираат своите апликации и во гејминг апликацијата на YouTube.
YouTube соопшти дека ќе биде вклучен и во Brand Lift на Google. Оваа ќе им овозможи на брендовите да го мерат интересот за нив преку следењето на organic keyword пребарувањата поврзани со името на компанијата на Google.
Џоли изјави: “Со овој новитет, ќе може да видите дали вашата реклама предизвикува пребарувања за органски видео содржини поврзани со вашиот бренд на YouTube. Мерењето на интерес е важен дел во утврдувањето на ефектот на рекламите, и претставува уникатна придобивка од адвертајзингот на Google и YouTube.”