По повод 8 години од почетокот на работењето, интернет маркетинг компанија Nova Solutions од Битола, ќе награди три микро и почетни компании со свои про-боно услуги.
Микро бизнисите и стартапите кои што немаат свое лого, веб сајт или немаат активна кампања на социјалните медиуми, можат да ја пријават својата компанија и со тоа да конкурираат за подршката што ќе ја добијат од Nova Solutions.
„Нашата компанија започна како типичен микро бизнис. Започнавме со изработка на интернет страници како основна услуга, а денес работиме комплетни маркетинг кампањи на социјалните медиуми и креираме комплетен визуелен идентитет на нови производи и компании. Nova Solutions на самиот почеток добиваше поддршка од бизнис инкубаторите и други компании и со оваа наша “роденденска“ акција сакаме да ги подржиме микро и почетните бизниси кој што се соочуваат со исти проблеми во работењето со кои што и ние со соочувавме на самиот наш почеток“ – вели Предраг Стојковски, извршниот директор на Nova solutions.
Компаниите кои што сакаат да бидат дел од акцијата за бесплатно лого, веб страна и едномесечна кампања на социјалните медиуми потребно е само да се пријават на contact@solutions.mk
Nova Solutions е интернет маркетинг агенција која нуди решенија и услуги за брендирање, графички дизајн, интернет кампањи, изработка на веб страни и професионално менаџирање на настапот на социјалните медиуми. Компанијата е основана во 2007 година во Битола од страна на Игор Мишевски.