Home » Во фокусот » Добијте гратис лого, веб сајт и кампања од агенцијата Nova Solutions

Добијте гратис лого, веб сајт и кампања од агенцијата Nova Solutions

По повод 8 години од почетокот на работењето, интернет маркетинг компанија Nova Solutions од Битола, ќе награди три микро и почетни компании со свои про-боно услуги.

Микро бизнисите и стартапите кои што немаат свое лого, веб сајт или немаат активна кампања на социјалните медиуми, можат да ја пријават својата компанија и со тоа да конкурираат за подршката што ќе ја добијат од Nova Solutions.

nova solutions akcija

Нашата компанија започна како типичен микро бизнис. Започнавме со изработка на интернет страници  како основна услуга, а денес работиме комплетни маркетинг кампањи на социјалните медиуми и креираме комплетен визуелен идентитет на нови производи и компании. Nova Solutions на самиот почеток добиваше поддршка од бизнис инкубаторите и други компании и со оваа наша “роденденска“ акција сакаме да ги подржиме микро и почетните бизниси кој што се соочуваат со исти проблеми во работењето со кои што и ние со соочувавме на самиот наш почеток“ – вели Предраг Стојковски, извршниот директор на Nova solutions.

Компаниите кои што сакаат да бидат дел од акцијата за бесплатно лого, веб страна и едномесечна кампања на социјалните медиуми потребно е само да се пријават на contact@solutions.mk

Nova Solutions е интернет маркетинг агенција која нуди решенија и услуги за брендирање, графички дизајн, интернет кампањи, изработка на веб страни и професионално менаџирање на настапот на социјалните медиуми. Компанијата е основана во 2007 година во Битола од страна на Игор Мишевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365