Во среда (09. 12. 2015), официјално ќе започне со работа, првата специјализирана телевизија за мода, модни трендови и модна култура – Модел ТВ. Свеченотот отварање ќе се одржи во ивент центарот „Сквер 21“ со почеток од 21 часот, соопштуваат од телевизијата.
Tелевизијата најпрво ќе започне да емитува програма на www.model.mk и ќе функционира како интернет телевизија, за во следниот период да започне и со терестријално емитување во Република Македонија.
Главниот фокус на телевизијата е да ги следи и обедини модните трендови во Македонија, македонските модни креатори, стилисти и сите луѓе кои работат во модниот бизнис. Модел ТВ ќе продуцира емисии во сопствена продукција,ќе изработува едиторијали и фотосесии, како и кратки модни филмови.
“Модел ТВ ќе ги промовира и прикажува нашите најновите креации на нашите реномирани и потенцијални модни креатори, a воедно ќе ги промовира вредните и квалитетни модни работници – стилисти, фризери, мејк ап артисти. Во фокусот на Модел ТВ ќе бидат и познатите музички имиња од земјава и регионот, докажаните и идни театарски и филмски ѕвезди, урбани херои и познати фаци. Целта е да се обедини модната сцена во Македонија и заедно да го изградиме и подигнеме нивото на модната култура кај нас.Тимот е составен од млади ентузијасти, познавачи на модата и модните случувања, а веќе безрезервна поддршка има и од сите познати и признати модни дејци од земјата“, велат од телевизијата.