Home » Во фокусот » Македонија ја добива првата телевизија специјализирана за мода

Македонија ја добива првата телевизија специјализирана за мода

Во среда  (09. 12. 2015), официјално ќе започне со работа, првата специјализирана телевизија за мода, модни трендови и модна култура – Модел ТВ. Свеченотот отварање ќе се одржи во ивент центарот „Сквер 21“  со почеток од 21 часот, соопштуваат од телевизијата.

Tелевизијата најпрво ќе започне да емитува програма на www.model.mk и ќе функционира како интернет телевизија, за во следниот период да започне и со терестријално емитување во Република Македонија.

fashion on tv - model tv

Главниот фокус на телевизијата е да ги следи и обедини модните трендови во Македонија, македонските модни креатори, стилисти и сите луѓе кои работат во модниот бизнис. Модел ТВ ќе продуцира емисии во сопствена продукција,ќе изработува едиторијали и фотосесии, како и кратки модни филмови.

Модел ТВ ќе ги промовира и прикажува нашите најновите креации на нашите реномирани и потенцијални модни креатори, a воедно ќе ги промовира вредните и квалитетни модни работници – стилисти, фризери, мејк ап артисти. Во фокусот на Модел ТВ ќе бидат и познатите музички имиња од земјава и регионот, докажаните и идни театарски и филмски ѕвезди, урбани херои и познати фаци. Целта е да се обедини модната сцена во Македонија и заедно да го изградиме и подигнеме нивото на модната култура кај нас.Тимот е составен од млади ентузијасти, познавачи на модата и модните случувања, а веќе безрезервна поддршка има и од сите познати и признати модни дејци од земјата“, велат од телевизијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365