Ние ја имаме НАЈДОБРАТА читателска публика на светот !
Вашиот Маркетинг365 е прогласен за “Најдобар блог во Македонија за 2015 година“ во рамки на изборот “Сајт на Годината“ на свечената манифестација која се оддржа синоќа во фоајето на МОБ во Скопје.
Организатори на манифестацијата која се одржа по шести пат се агенцијата Media Solutions и системот за online реклами keep an eye, под покровителство на Град Скопје и Министерството за информатичко општество и администрација.
За нашите читатели ова е уште една нова награда, а за тимот позади Маркетинг365 нова ОБВРСКА да продолжи со уште посилно темпо да биде релевантен извор на информации поврзани со маркетинг, медиа и ПР индустријата.
Им се заблагодаруваме од се срце на сите наши верни читатели, подржувачи и членови на жири комисијата што не номиниравте и гласавте во изборот за “Сајт на годината“.
Големо благодарам и за сите маркетинг/ПР агенции, компании и останати наши деловни партнери кои не подржуваат да го развиваме М365 и да продолжиме уште по-посветено во мисијата на поврзување на луѓето и “мислата“ во медиа-маркетинг индустријата.
-Маркетинг365
2011 година – Најдобар блог во Македонија (прво место)
2012 – Најдобар блог од Македонија во Балканскиот регион (прво место)
2014 – Најдобар бизнис-информативен веб сајт во Македонија (второ место)
2015 – Најдобар блог во Македонија (прво место)