Агенција Essencius неодамна во Данска ја стартуваше кампањата за Coca-Cola Life, чиј слоган можат да го видат само 5% од популацијата.
Слоганот е скриен во т.н. “Ishihara pictures“, слики во форма на круг во различни бои со кои се проверува далтонизмот. Обичните минувачи во сликите гледаат само зелени и смеѓи кругови, но оние кои се далтонисти во овие слики го гледаат зборот “Life“. Според истражувањето на локалната агенција, необичната слика може да ја видат само 5% од населението во светот.
Секако, оваа кампања за која пишуваме еве дури и во Македонија, со својот невообичан пристап и “пре-екстензивно“ таргетирање привлекува голем публицитет низ целиот свет и е одличен пример како да се направи buzz околу активност која самата по себе нема да има голема директна публика.