Еден од најекспонираните кандидати за претседателските избори во САД кои ќе се оддржат годинава, мултимилјардерот Доналд Трамп вчера го претстави својот прв изборен ТВ спот.
Рекламата која трае 30 секунди и првично ќе се прикажува во Ајова и Њу Хемпшир, ги потврдува ставовите на Трамп во врска со имигрантите, границата со Мексико и ИСИС кои иако досега од многу аналитичари беа оценети како контроверзни сепак на Трамп му донесоа најголем рејтинг меѓу републиканските кандидати.
Закупот на ТВ простор за оваа реклама ќе изнесува околу 2 милиони долари, што сепак е многу помалку од ТВ изложеноста на кандидатите како Тед Круз (закуп од 4 милиони долари) и Јеб Буш кој обезбедил ТВ закуп во вредност од 19 милиони долари до крајот на феврари.
ТВ спотот на Трамп предизвика големо внимание со својата содржина и неконвенционален стил за претседателски избори и несомнено дека ги “принуди“ медиумите уште повеќе да го експонираат неговото име и неговите ставови со бројни објави, коментари и интервјуа со што тој паметно си доби бесплатно обезбеден простор за промоција :)