Home » Во фокусот » Првиот изборен спот на Доналд Трамп погоди право во целта

Првиот изборен спот на Доналд Трамп погоди право во целта

Еден од најекспонираните кандидати за претседателските избори во САД кои ќе се оддржат годинава, мултимилјардерот Доналд Трамп вчера го претстави својот прв изборен ТВ спот.

Рекламата која трае 30 секунди и првично ќе се прикажува во Ајова и Њу Хемпшир, ги потврдува ставовите на Трамп во врска со имигрантите, границата со Мексико и ИСИС кои иако досега од многу аналитичари беа оценети како контроверзни сепак на Трамп му донесоа најголем рејтинг меѓу републиканските кандидати.

Закупот на ТВ простор за оваа реклама ќе изнесува околу 2 милиони долари, што сепак е многу помалку од ТВ изложеноста на кандидатите како Тед Круз (закуп од 4 милиони долари) и Јеб Буш кој обезбедил ТВ закуп во вредност од 19 милиони долари до крајот на феврари.

ТВ спотот на Трамп предизвика големо внимание со својата содржина и неконвенционален стил за претседателски избори и несомнено дека ги “принуди“ медиумите уште повеќе да го експонираат неговото име и неговите  ставови со бројни објави, коментари и интервјуа со што тој паметно си доби бесплатно обезбеден простор за промоција :)

 

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365