Порталот Marketing mreža, во соработка со агенцијата MASMI, започнаа регионално истражување кое се занимава со клучните теми од областа на маркетингот и комуникациите, како и трендовите за 2016 година.
Прашалникот е наменет за стручњаците од секторот на корпоративни, дигитални комуникации и маркетинг од земјите во регионот (Србија, Хрватска, БиХ, Словенија, Македонија и Црна Гора). Целта на ова истражување е согледување на состојбата на професијата во регионот , како и трендовите и предизвиците кои не очекуваат во наредната година.
Со оглед на тоа дека е исклучително важно да знаеме каде сме и каде сакаме да одиме, кога е во прашање развојот на професијата, ги повикуваме колегите од компаниите и агенциите за земат учество во ова истражување. За пополнување на прашалникот потребно е околу 5 минути.
Истражувањето е потполно анонимно, а сите добиени податоци ќе бидат прикажании како групни и ексклузивно претставени на форумот на комуникациски лидери – IZAZOV 2016, кој ќе биде одржан на 2 и 3 март во хотелот Radisson Blu Old Mill во Белград.
До прашалникот можете да пристапите ОВДЕ.