Дали го имате тоа што е потребно за да се предизвикате себеси на епско патување без вашиот личен телефон, без пари и без компјутер? Дали сте универзитетски студент со двајца пријатели, кои би оделе низ ветар и оган за вас? Ако е така, тогаш имате уште 14 дена за да се пријавите за „Red Bull Can You Make It?“, авантуристичка трка со заплет, каде што тимовите составени од тројца луѓе мораат да стигнат до Париз користејќи само лименки Red Bull како валута.
Велат дека Париз е секогаш добра идеја. Знаете ли што е уште подобро? Да ја остварите таа идеја! Сто тима од сите страни на планетава дојдоа до целната линија во 2014 година. Во 2016 година предизвикот е отворен за 165 тима од над 50 земји, вклучувајќи ја и Македонија.
Еве што накратко кажаа за тоа искуство од тимот Beach Bull Blondies, од изданието 2014 година.
– Ова е веројатно најинтересната работа што ни се случила. Целото ова искуство ни даде перспектива: Сретнавме луѓе од целиот свет кои уживаат во едноставните работи во животот и уживаат во патувања и авантури. Се уште не ни се верува – тоа беше како сон.
Одбраните тимови ќе бидат испратени на едно од петте стартни места во Европа, секое од нив дестинација од соништата за секого со страст за патувања. Барселона, Фиренца, Берлин, Единбург и Прага ќе бидат местата откаде што ќе појдат авантуристите на нивното епско патување до Париз. Тимовите мораат да застанат на шест попатни контролни станици на проверка пред да дојдат до целната линија, меѓу кои ќе бидат вклучени над 40 европски дестинации како што се Копенхаген, Лондон, Будимпешта, Женева, Бордо, Виена, Краков, Венеција и Мадрид.
Секој член на тимот кој ќе победи во генералниот пласман ќе биде награден со неверојатна европска летна авантура обезбедена од „Contiki“. Трите члена на тимот кој ќе победи во генералниот пласман ќе бидат поканети да станат амбасадори на „Contiki Travel“ за едно лето, што значи дека ќе патуваат низ Европа и ќе ги доживуваат највозбудливите можни авантури, со вклучено сместување и транспорт.
Послушајте го советот на поранешните тимови:
– Ако решите да направите нешто, без оглед колку тешко ви изгледа, можете да го направите. Едноставно впуштете се во авантурата, тоа ќе биде најепското нешто што некогаш сте го направиле.
Во 2014 тимовите разменија над 16.000 лименки на нивното патување. Една од најневеројатните размени од сите беше само осум лименки за луксузна вечера, хотелска соба, возење до аеродром и лет! Нека почне патувањето: употребете ги вашиот шарм, стратегија и разбудете ја возбудата кај вашите следбеници… „Градот на светлината“ би можел да блеска во чест на вашиот триумф!
Посетете ја страницата www.redbullcanyoumakeit.com за сите детали и поднесете ја вашата пријава до 14 февруари 2016 година.
Следете го настанот на социјалните медиуми:
Facebook: https://www.facebook.com/events/1636547843273654/
Instagram: #canyoumakeit16