Автор: Мајкал Пери , потпретседател за Content Strategy во Vehr Communications. Тој има 25-годишно искуство како репортер и уредник. Статијата првично е објавена на PRDaily.
Еден од најголемите предизвици за многумина новинари кои преминуваат во ПР е нивната дотогашна ограничена изложеност кон бизнис страната на нештата.
За новинарите кои менуваат кариери, постои една стрмна кривина, бидејќи потребно е многу повеќе од добри известувачки, пишувачки и уредувачки вештини за да им се помогне на клиентите и организациите да успеат.
Еве пет области во кои треба да ги насочите своите напори доколку правите премин од новинарство во ПР:
1.Нов бизнис развој
Новинарите не се продавачи и не се навикнати да ја убедуваат публиката да плаќа за нивните услуги. Во издаваштвото, ова типично се решава преку продажби и циркулација.
За да успеете во агенција, треба да размислувате за услуги кон клиентите, бизнис можности, опшествени и корпоративни партнерства. Соработката е клучна, а за тоа понекогаш е потребно и малку вештина на продавање.
2. Поврат на инвестициите
Од искусни уредници до репортери-почетници, повеќете од новинарите разбираат дека бизнисот има за цел да генерира приходи, придржување кон буџетите и правење профит. Ова во основа е тоа што значи терминот ‘Поврат на инвестициите’ и целта на маркетингот. Повратот на инвестициите значи се’, научете да го сакате овој термин.
3. Стратешко размислување
Повеќето од новинарите се навикнати да имаат контрола врз нивните стории и менаџирање на времето.
Но, кога ќе се внесете во ПР-от, вие ќе треба да ги поддржувате одлуките на вашите клиенти. Вие се’ уште може да бидете оној кој се спротиставува, но правете го тоа внимателно.
4. Развивање на публиката
Модерната ера на успешното новинарство бара градење на бренд и култивирање на публиката.
Работењето на niche публикации бара вештина на таргетирање специфична публика, а овие вештини ќе треба да ги примените и во ПР-от. Иако ќе треба да учите како да користите дата-бази и аналитика, вие веќе ја разбирате важноста на прилагодувањето на содржините кон одредена публика.
5. Менаџмент на репутацијата
Кога евалуираат некоја сторија, одговорните новинари често си го поставуваат прашањето – “Дали е фер, балансирано и точно?”
Во ПР-от, вие сте во бизнисот на заштитувањето, зачувувањето и подобрувањето на сликата за одреден бренд, личност или организација. Ова подразбира да ја гледате пошироката слика – понекогаш ќе треба да прифатите.
Новинарите, често се фокусираат на контекстот и ефектот на приказната на денот. ПР професионалецот исто така го разбира ова, но може да гледа подалеку и да ги предвиди долгорочните ефекти на некоја кампања или стратегија.