Во текот на вчерашниот ден ја објавивме информацијата за прославата на автомобилскиот гигант BMW по повод нивната 100 годишнина, на која ја најавија својата визија за наредните 100 години и презентираа модел “на иднината“.
Нивните конкуренти од Mercedes Benz, како што е редот, на својот веб сајт и својата ФБ страна уредно го испочитуваа овој јубилеј на BMW и подготвија специјална честитка…со мало тролање :) …која гласи:
“Ви благодариме за 100-те години конкуренција“
“Претходните 30 ни беа малце досадни“
…алудирајќи на тоа дека се бренд со поголема традиција и историја кој е постар 30 години.