Бесплатната Wi-Fi мрежа е побрза 20 пати од вообичаената, а целиот проект чини 200 милиони американски долари.
Нa Третата и Осмата авенија во Њујорк од неодамна почнаа да никнуваат интерактивни терминали под името LinkNYC во склоп на проектот за воспоставување на бесплатна Wi-Fi мрежа.
Оваа мрежа е околу 20 пати побрза од вообичаената, а има досег на делување од 45 до 100 м.
Компанијата City Bridge која е задолжена за поставување на терминалите на мастата каде што некогаш имало телефонски говорици, веќе поставила 140, а до лето ќе постави уште 510. Вкупниот број на терминали во следните 12 години би требало да достигне број од дури 10 000.
Со терминалите корисниците моментално можат да направат телефонски повик со помош на слушалките кои ги имаат на располагање, можат да ги користат интерактивните мапи, да сурфаат на интернет, па дури и да го наполнат својот мобилен телефон.
Овај проект чини 200 милиони долари, а тој трошок ќе се покрие со реклами на локалните огласувачи кои ќе се прикажуваат на терминалите.
Jan Hensley, директор на LinkNYC неодамна изјави: “и останатите градови во светот имаат бесплатни Wi-Fi мрежи, но со оглад на конечниот број на терминали кои планираме да ги поставиме, ќе имаме најбрза и најголема мрежа на светот”.
На оваа мрежа ќе може да се пријави секој којшто ќе ја внесе сопствената e-mail адреса, а врската се воспоставува автоматски. Дел од граѓаните се загрижени заради количината на приватни податоци кои овие терминали ќе ги собере, и затоа веќе испратија писмо за предупредување до градоначалникот на Њујорк.