Во трите фестивалски денови посветени на најновите светски трендови и извозниот потенцијал на хрватската креативна индустрија, се очекува рекорден одзив на учесници
Четвртото издание на Денови на комуникациите, централниот национален фестивал за огласување во Хрватска, денес почнува во Ровињ во хотелот Lone. Оваа година се очекува рекорден одзив на учесници за кои организаторите припремија богата конференциска програма посветена на најновите светски трендови и извозниот потенцијал на хрватската креативна индустрија. Веќе традиционално, на Денови на комуникациите ќе се доделат најважните награди за креативност и ефикасност на маркетинг комуникациите IdejaX, Mixx, Effie и за прв пат наградата Young Lions за млади агенциски професионалци.
Фестивалската програма се отвра со предавањето на Cristiana Clite, координатор на социјалните мрежи на IKEA за Југоисточна Европа на тема “Let’s ‘kill’ the digital strategy – integrating digital into the business”, во кое ќе објасни како да се интегрира дигиталната во работна стратегија со цел унапредување на работењето и односите на компанијата спрема своите потрошувачи.
Во петок на распоредот се лидерите на светската маркетиншка индустрија меѓу кои се истакнува Ivan Pols од агенцијата Adam&Eve која е заслужна за една од најпознатите божиќни реклами Man On The Moon за компанијата John Lewis, Lisa Larsson од Шведскиот институт која работела на проектот “Curators of Sweden” и еден од најдобрите предавачи на фестивалот Eurobest Rogier Vijverberg. Во петок на распоредот е и првиот дел од платформата “Export Stage” во која инвеститорот и претприемач Nenad Bakić ќе разговара со претставниците на хрватската креативна индустрија кои своите производи и услуги успеале да ги изнесат надвор од границите на Хрватска.
Во сабота програмата продолжува со инспиративното предавање на повеќекратниот наградуван дигитален стручњак Krisa Hoeta, потоа Francesa Ursa – бренд менаџер на компанијата Procter&Gamble, стручњакот за однесување на потрошувачите Thoma Theysa и други, но вклучува и домашна сила која ќе зборува за тоа како Хрватите ги користат медиумите и какво е влијанието на продажниот простор на однедувањето на луѓето.
Во неформалниот дел на програмата учесниците во петок и сабота ги очекува два networking панели PPP, веќе на сите добро познатото Пиво после програмата, и забавен дел кој во петок вклучува фан(к)тастичен концерт со Ante Gelo Band и саботен настап на бендот Lollobrigida.
Сите дополнителни информации можете да ги пронајдете на web страницата на фестивалот www.danikomunikacija.com