Новото лого на Yahoo е конечно тука. И не, не е толку ново.
Единствената разлика меѓу старото и новото лого е тоа што новото не е толку разиграно како старото.
Ништо повеќе.
Yahoo имаше своја кампања што траеше 30 дена при која секој ден се нудеше нова варијанта на логото, во виолетово-бела варијанта (заштитните бои на компанијата). Претходно веќе беше и најавено дека ќе се задржат некои од основните елементи на Yahoo културата од порано.
“Пеглањето” на логото и 30 дневната кампања се само дел од позитивниот ПР што компанијата го има веќе некое време, а резултира и со искачување на сајтот на првото место по посетеност во САД, барем некој одреден период во текот на ова лето.
Социјалните медиуми се полни со саркастични коментари во однос на ребрендирањето, ако воопшто може да се нарече така.
Еве дел од нив:
– ” There will be a hurricane, tsunami, and multiple tornadoes around the world that will be cause by a multitude of graphic designer angrily throwing their portfolios at the ground in unison.”
– “This is a momentous day in the history of technology innovation. Do we have to work tomorrow or is it a holiday to celebrate this tremendous Yahoo achievement?”
– “Welcome in 1986.”