Американската компанија Apple вторникот објави значителен пад на продажбата во рамките на вториот фискален квартал кој би можел да биде најлош во последните 13 години
Станува збор за енормен пад од околу 16% или околу 45 милиони евра во споредба со истиот период минатата година кога е регистрирана продажба од 53 милиони евра. Од друга страна, продажбата се поклопува со предвидувањата на на аналитичарите на Apple.
Но тоа не е се. Состојбата е полоша со оглед на тоа што продажбата би можела дополнително да падне на околу 37 милиони евра до месец јуни, што е спротивно со предвидувањата кои стигнуваат до 41 милиони евра.
Според зборовите на директорот на компанијата Тим Кук, Apple се бори со одржување на историски високиот раст, макар што, тврди Кук, иднината е и понатаму светла.
Спорд тоа, Apple забележа пад на вредноста на акциите за шест проценти. Броевите секако укажуваат на тоа дека пред Apple е тешка година.
Причината би можела да биде помалку ентузијазам поради новите производи кои денес станаа дел од секојдневието, додека само пред неколку години новиот iPhone навистина претставуваше вест.