Home » Во фокусот » АААМУ констатираше различен однос кај медиумите при известувањето во првите 10 дена од предизборието

АААМУ констатираше различен однос кај медиумите при известувањето во првите 10 дена од предизборието

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во Извештајот за медиумското претставување во првите десет дена по распишувањето на изборите, констатира дека дел од медиумите не ги почитуваат програмските начела за објективно и непристрасно прикажување на настаните, обезбедување различни, еднакво третирани гледишта, за почитување на човековото достоинство, за поттикнување на духот на толеранција и за независност и самостојност во уредувачката политика. Повторно укажуваме дека почитувањето на членот 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е предуслов за вршење на дејноста.

aaavmu logo

Од Агенцијата предупредуваат дека доколку некои од медиумите продолжат да емитуваат прилози во кои се поврзуваат политиките на државата со мерки од изборни програми на политички партии и да известуваат за активности на државните органи на централно и локално ниво на начин што може да биде во функција на изборно медиумско претставување на кој било политички субјект, ќе бидат преземени законските мерки.

Ги потсетуваме радиодифузерите дека барањето да се презентираат различни гледишта кои ќе имаат ист третман, исто како и сите други програмски начела, и забраната за говор на омраза, важат и за дебатите, интервјуата и другите актуелно-информативни емисии.

Првиот извештај од мониторингот на медиумското претставување по распишувањето на Предвремените парламентарни избори 2016, за периодот 15 – 24 април е достапен на веб страната на Агенцијата, во посебниот банер Избори 2016, а истиот може да се преземе и на следниот линк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365