Home » FMCG » AB InBev – најголемиот светски производител на пиво гледа можности во сегментот –безалкохолни пива

AB InBev – најголемиот светски производител на пиво гледа можности во сегментот –безалкохолни пива

Најголемиот светски производител на пиво AB InBev размислува за проширување на својата продажба во сегментот на безалкохолни пива во текот на следните години.  

Неодамнешниот успех на пивото Jupiler 0,0 во Белгија ја поттикна групацијата за преземање на оваа стратегија- извести минатиот петок агенцијата Belga.
Во првите 5 месеци од 2017 година, компанијата продала повеќе Jupiler безалкохолни пива отколку пива со 0,5% алкохолна содржина што е и максимално дозволената содржина.

До 2025 година безалкохолните и нискоалкохолни пива ќе прават 1/5 од вкупната продажба на пијалоци кои ги произведува AB-InBev.

Во Белгија, потрошувачката на пиво бележи пад од 3,3% во 2016 година, според податоците на белгискиот сојуз на пивари. Односно станува збор за значаен пад од 1,4% во текот на изминатите 20 години.

Извор: biernet

Во рамките на AB InBev покрај безалкохолните пива, се и брендовите како Beck’s, Stella Artois, Corona, Budweiser.

Пивата со малку или 0% алкохол во Белгија имаат удел на пазарот од само 2,2% , за разлика од Белгија во Германија овие пива имаат удел од 10,4%, а во Шпанија пак, 17,7%.

Автор Наташа Гулевска

Наташа работи како маркетинг менаџер во Nova Solutions. Нејзиниот ангажман вклучува активности како осмислување концепти и развој на нови брендови, унапредување на маркетинг стратегиите на бројни домашни компании и Интернет маркетинг. Завршува постдипломски студии од областа на јавните политики, а љубовта кон креативното изразување и маркетингот покрај професионален избор и претставуваат и пасија. Контакт маил: natasha@solutions.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365