Брендот за спортска опрема Adidas го откри концептот за своите први еколошки патики создадени од вештачка кожа од печурки, именувани како „Stan Smith Mylo“.
Се работи за лабараториски создаден материјал од коренската структура на печурки, брендиран под името “Unleather”. Тој изгледа и има чувство исто како кожа, но се произведува со далеку помалку сиров материјал и енергија. Создаден е од страна на компанијата Bolt Threads, специјализирана за развој на алтернативни материјали налик на свила и кожа.
Иако патиките засега се само концепт, од Адидас очекуваат тие да добијат своја комерцијална верзија во следните 12 месеци.
Патиките се дел од долгорочната стратегија на компанијата за употреба на еколошки одржливи материјали. Глобалната директорка за иднина на Адидас, Ејми Џонс Ватерлаус, истакнува дека новите патики се „значаен чекор во нашата смела амбиција да помогнеме во ставањето крај на пластичниот отпад“.