Со одигрувањето на бараж-натпреварите во претходните две недели, веќе 29 држави од предвидените 32 го потврдија своето учество на претстојното фудбалско Светско првенство 2022 кое треба да се одржи во Катар. Тоа беше знак за FIFA и Adidas да ја претстават новата официјална топка на првенството.
Именувана Al Rihla, или „патешествие“ на арапски, топката означува почеток на нова ера за најважната споредна работа во светот, со тоа што претставува првата топка за едно Светско првенство која е целосно изработена од еко-одржливи материјали, бои и лепаци.
Истовремено, според Adidas, се работи за најбрзата фудбалска топка во историјата на првенствата.
„Играта станува сé побрза и како што забрзува, прецизноста и стабилноста на летот стануваат критично важни. Новиот дизајн ѝ овозможува на топката да одржува значително поголема брзина додека патува низ воздухот. За најголемата глобална сцена во целиот спорт, тргнавме да го направиме невозможното возможно со радикални иновации во создавање на најбрзата и најпрецизна топка на Светското првенство на ФИФА досега“ – објасни Франциска Лефелман, директор за дизајн на фудбалска графика и опрема во Adidas.
Различните и впечатливи бои на топката наводно ја симболизираат живоста на земјата-домаќин, како и постојано растечките височини на фудбалската конкуренција.
„Се работи за прекрасна, одржлива и висококвалитетна топка од Adidas во која ќе уживаат ѕвездите кои настапуваат во врва форма на најголемата светска сцена во Катар, но и од сите играчи насекаде во светот“, забележа Жан-Франсоа Пати, директор за маркетинг на ФИФА, додавајќи дека „Светското патешествие на Al Rihla ќе го претставува неверојатниот досег на Светското првенство на ФИФА и ќе им даде единствена можност на навивачите да се вклучат во настанот додека се зголемува возбудата пред големиот почеток“.
The Al Rihla is made to make journeys.
Designed from the inside out to follow your feet and write new stories with every touch, this is innovation from core to skin.
This is the journey, starting now.
Exclusively available at adidas online and retail stores until April 12th. pic.twitter.com/WcWN02uREE
— adidas Football (@adidasfootball) March 30, 2022