Брендот за спортска опрема Adidas се здружи со данскиот производител на играчки LEGO со цел да создадат патики кои носителите ќе можат по своја желба да ги надополнуваат со лего-коцки.
Патиките именувани како “ADIDAS ULTRABOOST DNA X LEGO® PLATES SHOES” имаат вградени „столпчиња“ на кои ќе можат да се додаваат различни лего-коцки со цел персонализација на нивната боја и дизајн, сепак задржувајќи ги препознатливиот изглед на моделот UltraBoost.
Според описот на Adidas, овие патики се наменети за сите „градители, сонувачи и ризикувачи кои оставаат свој печат врз светот“. Патиките се изработени од рециклираниот материјал Primeblue, делумно создаден од океанска пластика.
Обувките ќе бидат достапни за купување од 3 мај преку веб-сајтот на Adidas, по цена од 200 долари.