Брендот за спортака опрема Adidas неодамна објави специјална соработка со National Geographic за да им понуди на авантуристите облека со високи перформанси која ќе ги служи при нивното истражување на природата.
Мулти-сезонското партнерство ќе се гради врз „споделената љубов спрема природата“, а од двата брендови се надеваат дека со оваа соработка ќе ги охрабрат своите фановите да поминуваат повеќе време во истражување и поврзување со светот околу нив.
Лансирањето на премиерната колекција облека ја слави важноста на природонаучната фотографијата.
Имено, фокусирајќи се на посебниот однос помеѓу камерата и природата, дизајнерите на Adidas ги „прочешлаа“ фотографските архиви на National Geographic, наоѓајќи фотографии од некои од најубавите, оддалечените и уникатни места на Земјата за да влечат инспирација.
Резултатот е колекција составена од над 50 парчиња на машка, женска и родово-неутрална облека, сите дизајнирани да бидат функционални за активности во природата, но и визуелно привлечи – базирајќи се на природни бои извлечени од вистински природонаучни фотографии.
Повеќе информации за колекцијата можат да се најдат на следниот линк.