На почетокот на овој месец, германскиот спортски бренд Adidas се соочи со колективна тужба поради прекинатата соработка со Кање Вест, по одлуката на компанијата да стави крај на профитабилното партнерство откако минатата есен раперот јавно искажа повеќе контроверзни коментари. Но, уште тогаш се наметна прашањето: Што со непродадените обувки од серијата YEEZY?
После половина година, се чини дека спортскиот бренд конечно одлучи како ќе се справи со непродадените обувки во вредност од 1,3 милијарди долари. Според NPR, врз основа на објаснувањето дадено од извршниот директор на компанијата, Бјорн Гулден, обувките ќе бидат повторно ставени на продажба, а приходите од нив ќе бидат донирани во добротворни цели.
Се чини дека тоа воопшто не била лесна одлука за компанијата, така што директорите со месеци дебатирале за различни опции за тоа што да прават со преостанатите обувки, а исто така побарале и совет од неколку засегнати невладини организации пред да дојдат до консензуална одлука. Една од опциите што брендот ги разгледувал била дури и да се уништат залихите, но на крајот одлучиле да не го сторат тоа.
Во претстојниот период, Adidas ќе работи на деталите за тоа како и кога планира да ги продаде преостанатите обувки од колекцијата YEEZY и како со тоа ќе им помогне на организациите што биле „повредени од изјавите на Кање“.