Оваа инсталација која се состои од три канцеларии илустрира како нивните нови технологии го прават животот полесен денес
Adobe смисли интересна кампања за еден од нивните настани се` со цел ги врати маркетерите назад во времето, во канцелариите во кои биле креирани првите дигитални банери. За таа прилика ангажираа тим кој работеше на искуствените активации на сериите на HBO, Westworld и Game of Thrones.
Оваа интересна инсталација која не враќа во 90-тите години е имплементирана на Adobe Summit-от оваа недела во Лас Вегас.
Инсталацијата се состои од три соби, а првата соба пртставува рекламна агенција од 90-тите и тоа во време кога канцеларијата се подготвува за дизајнирање и поставување на првата банер реклама во светот. Посетителите ги пречекува нервозен менаџер, кој ги информира дека се новите практиканти во агенцијата и им наредува да го погледнат дизајнот за рекламата на Pizza Hut – првиот дигитален банер на интернет од несигурни флопи дискети.
Самата канцеларија е опремена со низа потсетници од 90-тите години: Furbies играчки, Apple Macs и ѕидови украсени со познатите инспиративни постери.
По завршувањето на нивното “стажирање”, посетителите преминуваат во видеотеката која потсетува на Блокбастер, а потоа одат во дневната соба за да гледаат VHS касети и да нарачаат пица преку интернет на десктоп компјутери.
Секоја соба претставува некои од производите на Adobe Experience Cloud на начин кој ја покажува фрустрација и неефикасноста на секој од илустрираните застарени процес: поставувањето на првата банер реклама ја докажува леснотијата на рекламирање преку Cloud, додека изборот на филм без помош на алгоритмот управуван од податоци ги покажува придобивките од Cloud маркетинг.
“Крајната цел е [делегатите] да видат колку технологијата денес ги направи нивните животи полесни”, изјави Марк Буте, директор за социјалните медиуми на Adobe Experience Cloud. “Сите овие работи некогаш беа толку тешки – лансирањето на првата дигитална реклама беше катастрофа, беше тотален хаос. Технологијата не функционираше. Сега работите се сосема поинакви, денес можете да лансирате кампања за само неколку минути, а не часови или денови. “