Adria.fun е нов специјализиран информативен портал за забава, слободно време, патувања, екскурзии, концерти, излегувања, храна и пијалоци, опуштање и адреналин… ориентиран кон странскиот и пазарот на Јадранскиот регион (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија), која штотуку започна со работа.
Иницијатор на порталот е компанијата Voice of Media (VOM) од Загреб, чиј ова е трет онлајн проект.
„Го започнавме дигиталниот бизнис пред пет години со лансирањето на првиот специјализиран медиумски портал Media daily, продолживме пред година и пол со проектот Kuća na moru и сега ја заокружуваме триологијата со порталот Adria.fun“ – вели Зоран Ковачиќ, директор на VOM, за Media daily.
Новинарската екипа од шест лица ја сочинуваат љубители на патувањата, адреналинот и убавите времиња од целиот јадрански регион, а планот е тој да се проширува со растот на порталот.
„Нашата мисија е да им обезбедиме на луѓето позитивен став, слободен ум и широки погледи, на интересен, забавен, уникатен и релаксирачки начин, со информации за сите интересни настани и дестинации во Јадранскиот регион на англиски и хрватски јазик“, објаснува главната уредничка на порталот, Паула Ковачиќ, додавајќи: „Нам ни е важна интеракцијата со нашата читателска публика, па веднаш организиравме интересна наградна игра во која заедно со нашите партнери ги наградуваме читателите со бесплатен викенд на интересни дестинации.“
Порталот Adria.fun има модерен дизајн прилагоден за да обезбеди добро корисничко искуство и со неколку многу интересни решенија, како што е можноста за слушање на најдобрите радио станици во Јадранскиот регион, потоа извонредни фотографии, кратки и динамични текстови и секако – вметнати мапи за местата кои се споменуваат во текстовите.