Водечките медиумски компании во регионот, Styria Media Group која е со седиште во Австрија и со свои компании во Словенија, Хрватска и Австрија и Adria Media Group, една од водечките медиумски групации во Западен Балкан со седиште во Белград, пред неколку дена станаа партнери на хрватскиот пазар за магазини, како ко-сопственици на издавачката куќа Adria Media Zagreb, која ги издава некои од најуспешните магазини како што се Story, Cosmopolitan, Elle, National Geographic, Sensa и многу други.
Со ова деловно партнерство, се создава водечка регионална медиумска компанија, која е лидер на пазарот за магазини и веб комуникации.
Styria Media Group со своите долгорочни вложувања, постигна доминантна позиција во хрватскиот пазар на дневни весници и веб портали, првенствено преку извонредниот успех на дневните весници како што се 24сата, Вечерњи лист, Бизнис дневник и Њушкало. Ова партнерство, заедно со Adria Media Group, ја додаде Styria Media Group во водечката позиција на пазарот за списанија и портали во регионот. Менаџментот на Styria Media Group поради тоа го изрази своето задоволство од постигнатите партнерството со компанијата, која се покажа успешна во остварувањето на растечки резултати во медиумската индустрија.
“Им се заблагодаруваме на нашите досегашни партнери во Adria media Zagreb, реномираните европски компании Sanoma и Gruner & Jahr, на добрата соработка во изминативе години. Не радува што нивната улога ја презема компетентен и искусен бизнис партнер, со кого заедно ќе продолжиме да се развиваме на хрватскиот пазар за списанија“, изјави Klaus Schweighofer, член на управата на Styria Media Group.
“Доминантна позиција меѓу дневните весници и дигиталните медиуми ја надополнивме со магазинските изданија и на тој начин создадовме најдобар медиумско портфолио во Хрватска и во регионот. Задоволни сме затоа што имаме партнер кој сака да инвестира во развојот на списанијата и кој исто така ја препознава важноста на дигиталните медиуми. Во двата медиумски сегменти, Styria и Adria Media Group, со заедничките вложувања и соработка, ќе ги искористат сите потенцијали на регионалниот пазар. Adria Media Group е за нас идеален партнер токму поради тоа што ги препознава овој потенцијал и ја делат нашата посветеност за развој и корпоративна одговорност “, изјавија Boris Trupčević и Mario Vrgoč, директорите на Styria за Хрватска.
“Adria Media Group, како еднa од водечките медиумски компании во Западен Балкан, успешно продолжува да ги реализира своите визии и цели. Нам ни е големо задоволство што во иднина ќе продолжи регионалната соработка со партнер како што Styria и заедно ќе работиме на понатамошниот развој на Adria Мedia Zagreb. Цврсто веруваме во хрватскиот пазар, кое ги има сите потенцијали за развој на медиумското работење. Уверени сме дека заедно, во партнерство со Styria, можеме да продолжиме со успешен развој на магазините, со јасни цели и бројни иновации. Особено сакаме да нагласиме дека сме среќни за идната соработка со тимот на искусни професионалци на Adria media Zagreb, кои досега покажаа извонредни резултати во работењето. Сигурни сме дека иднината на здравото работење е во поврзување на регионот, зајакнување на регионалното работење и создавање на регионални партнерства “, изјави Александар Родиќ, извршниот директор на Adria media group.
Во составор на Adria Media Group, водечката медиска групација на Балканот, се наоѓаат магазините Story, Elle, Cosmopolitan, Lisa, Moj stan, Мојата убава градина, National Geographic, Men’s Health, Sensa, Elle Decoration, Mama, Burda и денвниот весник Kurir.