Home » Во фокусот » Душан Дракалски: Aдвертајзингот се менува и оди во некои сфери каде што на сите нас ќе ни биде чудно да престојуваме!

Душан Дракалски: Aдвертајзингот се менува и оди во некои сфери каде што на сите нас ќе ни биде чудно да престојуваме!

Нашиот Душан Дракалски, кој работи како извршен креативен директор на агенцијата Demner, Merlicek & Bergmann во Австрија, оваа година е претседател на регионалното жири за доделување на наградите KAKTUS 2017 во склоп на истоимениот фестивал за интегрирани комуникации кој ќе се оддржи на 1-ви и 2-ри ноември годинава во Белград, Србија.

Во пресрет на фестивалот пренесуваме неколку интересни поенти од неговото интервју за организаторите.

Кои трендови во областа на интегрираните комуникации се најдоминантни и кој тренд, по Вашето мислење ќе ја обележи 2017 година?

Дракалски: Инфлуенсерите. Социјалните мрежи станаа толку доминантни што секој инфлуенсер станува независен канал за комуникација. Дефинитивно, адвертајзингот се менува и оди во некои сфери каде што на сите нас ќе ни биде чудно да престојуваме. Но, тоа е нормално, така беше и кога се појавија билбордите. Не ги сакам премногу инфлуенсерите, но очигледно тие многу влијаат на бизнисот. Проблем е да се измери нивното влијание. Секогаш погрешно, но сепак се мери. Кога тоа се случува, тие се искачуваат на листата топ трендови. Се надевам дека овај тренд ќе стане историја и се надевам дека повтрорно тренсетерите ќе се вратат во мода. Инфлуенсерите, од една страна, не можат да направат PUNK или ROCK бидејќи сите тие имаат различни погледи. Кога некако би се здружиле, можеби би имале поголеми можности за глобален тренд.

Втора работа се агенциите кои имаат свои лаборатории. Тоа е стар тренд во Европа, но на Балканот сеуште нема агенции кои имаат лаборатории. Зборувам за вистински лаборатории. Научници кои работат во нив. Тоа е некаков одговор на стартапите, од страна на агенциите.

Во која мера нашите агенции од една страна и клиентите од друга страна се навистина подготвени за храбри и иновативни кампањи? Дали и поради што се плашиме?

Дракалски: Не е толку важно дали се подготвени, важно е дали ќе преживеат оние кои поставуваат стандарди или оние кои ги следат. Секој клиент треба да го знае тоа, а и секоја агенција. Ќе преживеат оние кои имаат добри тимови, полни со среќни луѓе кои се подготвени за нови авантури. Важно е да се работи со добар тим. Добри клиенти – добра агенција. Само среќни луѓе кои не се плашат од новото, можат да направат голем чекор. Се сеќавам како Бренсон велеше: „Клиентите не доаѓаат прво, први доаѓаат луѓето кои бараат работа. Ако своите вработени ги третирате грижливо, тие ќе се грижат за вашите клиенти“. Истото ова важи и за односот клиент-агенција.

Која е, од Вашето искуство, „тајната состојка“ за идеите кои опстануваат, односно за квалитетна кампања која ќе остави белег?

Дракалски:Не постои рецепт, ниту тајна состојка. Постои успешна кампања и неуспешна. Додуша постојат и кампањи кои се успешни, но не и одговорни спрема општеството. Адвертајзингот треба да стане одговорен спрема општеството и не само да се мери со успехот. Кампањите на кои се сеќаваме и кои ни будат добри емоции и после 20 години, се успешни кампањи. Колку од нив се и одговорни, можете да видите и сами.

Зошто е важно еден пазар да има национален креативен фестивал и зошто струката треба да застане позади него?

Дракалски: Верувам дека националниот фестивал го обединува пазарот. Тоа е место каде што сите од една земја се среќаваат со нивниот успех. Исто така, националниот фестивал е добар ако од него постои можност за светски кампањи. Национален фестивал кој го фаворизира само националниот хумор не е добар.

 

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365