Мрежата FCB објави дека го доби призанието на Adweek за глобална агенција на годината. Имајќи го предвид постојаниот раст на агенцијата, иновативноста и способноста за брзо прилагодување и соочување со различните предизвици со кои се соочува светот оваа година, Adweek го препозна непоколебливиот фокус на FCB кон своите луѓе, клиенти и креативната работа, како вредности кои ја издвојуваат оваа мрежа основана пред 147 години.
„Ова признание не би било можно без нашите неверојатни луѓе ширум светот и нашите партнери – нашите клиенти – кои претставуваат темел на приказната за FCB“, изјави извршниот директор на FCB Worldwide, Картер Мареј. „Соочени со овие тешки времиња, горди сме на резултатите кои продолжуваме да ги постигнуваме, настапувајќи храбро заедно. Иако сме почестени со ова признание на Adweek, се чувствуваме како сега да сме започнале“.
Во годината во која изгаснаа некои од брендовите на креативни агенции, FCB го задржа фокусот на креативноста, додавајќи големи клиенти на својата листа, продлабочувајќи ги постојните односи и креирајќи наградувани, ориентирани кон резултати кампањи за некои од најценетите брендови во светот. Меѓу нив има кампањи создадени во рекордно време и во вонредни услови на изолација, за брендовите како што се Walmart, Cottonelle, Cloroks и Burger King на кои им требаше вистинско насочување за време пандемијата, а тука е и општествено одговорната работа иницирана од мрежата FCB. На овој начин, креативното влијание на FCB продолжи да го плени светот на маркетингот.
Ова најново признание е круна на веќе успешната и значајна година за мрежата на FCB. Во текот на 2020 година, FCB беше избрана за Агенција за дизајн на годината од страна на D&AD, The One Club for Creativity ја прогласи FCB за Top Global Creative Network, а беше и меѓу трите најдобри глобални мрежи кои промовираат добри цели на листата The Good Report, четврта година по ред. Во 2019 година, FCB мрежата беше меѓу агенциите што ја освоија А-листата на AdAge, а исто така ги доби признанијата на Ad Age и PR Week за „најдоброто место за работа во 2020 година“.